Во изминатиов период ЈП Водовод и канализација – Скопје на улица Востаничка изгради нова водоводна мрежа ф150 во должина од 1100м.
Изминатиов викенд 7 екипи, од секторите Водовод и Механизација, извршија комплетно преврзување на сите приклучоци на посочената локација и тоа: 71 приклучна огрлица на ф 150 со комплетна замена на огрлица, нова инсталација (црево) под улица, беа оформени 24 чворови од стара на нова линија и тоа два ф150, два ф 100 и 20 ф 80. 20 огрлици и 12 прелази за поголемите профили се со попречен ископ.
„Честопати напоменуваме дека како јавен сервис, ние сме тука за да ги исполниме и сервисираме потребите на граѓаните, а со изведувањето на теренско-техничките активности изминатиот период го докажавме истото. Граѓаните ги искажаа своите долгогодишни проблеми, а ние соодветно постапивме и со овој зафат го решивме деценискиот проблем кој го имаа жителите на овој дел на населбите Црниче и Пржино. Со ова во иднина водоснабдувањето ќе се одвива непречено и при евентуални интервенции нема да има потреба да се исклучуваат од водоснабдување сите корисници, изјави генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски.