Професорот и инфектолог Вело Маркоски, кој во јавноста во последните неколку месеци беше актуелен со неговите ставови во врска со Коронавирусот од вечерва е нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој заедно со уште неколку други членови како Гордана Димитриевска Кочовска и Рашела Мизрахи влегуваат во новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што соопшти Претседателот на оваа партија, Христијан Мицкоски, досегашниот генерален секретар Игор Јанушев поради лични причини се повлекол од теренски најистурената партиска функција.