Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан (41), одговори на коментарите на Инстаграм во саботата, откако објави секси фотографии во бикини со нејзината нова блиска пријателка Адисон Ре (19), која е двојно помлада од неа.
Некои од нејзините следачи на Инстаграм ги критикуваа новите објави во фото-галеријата, пишувајќи критички коментари како „има 41 година и се дружи со 19-годишнички во базен“ или „ова пријателство сè уште ме чуди“.
Кортни им одговори: „Дали предлагате некое подобро место. Барам идеи…“
Малата контраверза доаѓа во време кога најстарата сестра Кардашијан и Адисон се нераздвојни со месеци.
Кортни, мајка на три деца и Адисон воспоставија неверојатно пријателство, пишуваат таблоидите, и додаваат дека тие го поминуваат секој ден заедно.