На 20.09.2020 во 18.10 часот на локалниот пат кај село Челопеци во Кичево, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(73) од Кичево, удрило во двајца пешаци- малолетници од Челопеци.
По незгодата, тие биле пренесени во Медицински центар Кичево, при што кај едниот биле констатирани телесни повреди, а кај другиот тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.