Стоилковски: Ќе има ли одговорност за фабриката за крими легализација?

Интегрален текст од прес конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Злосторничкото здружение на СДСМ Фабрика за крими – легализација мора да биде предмет на обвинителска истрага. Нов објект – дивоградба, легализирана на брза лента, врз основа на лажни изјави и издадени документи, за да се добие цела една лиценцирана фабрика за марихуана на колега – експратеник  на Зоран Заев.

Оној со чиј што потпис е легализирана новата дивоградба, градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков јавно признава дека за да се легализира новата дивоградба среде земјоделско земјиште, бил променет урбанистичкиот, планскиот опфат на општината. А, сето тоа врз основа на, според сателитските фотографии, изработен геодетски елаборат со лажни податоци, изработен од друг висок партиски функционер на СДСМ!

Значи целиот градежен урбанистички опсег се менува, се изработуваат документи, за да се излезе во пресрет на нарко – бизнисот на СДСМ.

За криминалната легализација, во кој што главната нишка е градоначалникот Зимбаков, Советот на Босилово, водено од Ѓорги Аризанов – висок партиски кадар на СДСМ во Босилово, го проширува урбанистичкиот план на Босилово, за да ја легализира новата градба на друг висок кадар на СДСМ – Драган Ѓоргиев. Дали ова не е злосторничко здружување со јасна цел?

Според сателитските фотографии, градбата е почната во март/април 2018 година, направен е пат и чистење на градежниот терен. И за тоа, немало ниту дозвола, ниту решение за градба. Зошто инаку би се ваделе документи со лажни податоци за легализација?

Со тоа, со бесправната градба и понатамошната легализација, прекршени се Законот за земјоделско земјиште и изградба на него објекти кои што не се опфатени со тој закон.

Со дивоградбата и криминалната легализација прескокнати се министерства кои требало да дадат согласност за негова изградба, а тоа пред се се министерството за земјоделство, потоа министерството за животна средина, па министерството за финансии, за на крај да мора да има и одлука на Влада за градење во земјоделско земјиште за да може да има некаква легална фабрика на поранешниот колега на Зоран Заев. А, сето тоа би траело најмалку една година.

Целта е јасна, се брзало да се стигне на време за екс пратеникот Драган Ѓоргиев да ја добие лиценцата за марихуана од неговиот колега Зоран Заев. Е па била ли ветена лиценца и дадено ли било зелено светло од Зоран Заев за ваква крими – легализација, за потоа лично Заев на својот колега од парламентот да му издаде лиценца за вносен бизнис?

Почитувани,

Мафијата на власт посакува овој случај да се забошоти, и да исчезне од фокусот на вниманието. Но со фингирани спектакли нема борба со корупција, ниту право, ниту правда во Македонија. Четврта година е полна со скандали, криминал и корупција, и нема реална вистинска борба со високата корупција со било кој член на актуелната власт. Доколку не започне истрага за скандалот мафија за крими-легализација, ЈО ќе се претвори во параван на мафијата!

Или мафија или Македонија!

Треба да знаете
Последни објави