Венко Филипче ги излажа лекарите и медицинските работници. Додека Филипче е министер се случија десетина физички напади врз лекари и е загрозен нивниот живот.
Нападите врз лекарите се почести од кога и да е порано.
Филипче на 18-ти септември на протест на лекарите и медицинските работници под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ на кој и самиот лицемерно присуствуваше вети дека ќе обезбеди физичко обезбедување на болниците и дека нема да дозволи нови лекарски жртви. Филипче излажа.
Беше ветено 24 часовно обезбедување на болниците и видео надзор со цел да нема напад врз лекарите.
Филипче ја злоупотреби довербата на лекарите.
На протестот на лекарите Филипче вети и дека ќе го изедначи нападот врз лекар и медицинско лице со нападот врз службено лице, и ќе влезе во закон како најригорозно регулирано, за никој да не се осмели да нападне лекар. Тоа не е случи. Лекарите се жртви на напади и понатаму.
Филипче ги излажа и изманипулира лекарите. Филипче вети и не реализира.
Време е Филипче да понесе одговорност.