Трендовите покажуваат дека организираниот криминал е подложен на трансформации, почнувајќи од традиционални хиерархиски структури до флексибилни криминални мрежи кои се прилагодуваат на новите можности и барања. Додека трговијата со дрога е сè уште најпрофитабилен бизнис за криминални Ковид – 19, при што полициските агенции ширум светот конфискуваа значителни количини на фалсификувани медицински производи, се наведува во денешното соопштение од ЕВРОТИНК – Центар за Европски Стратегии.
Според проценките на ЕВРОПОЛ, околу 5.000 организирани криминални групи се активни на европско тло, додека годишната добивка од трговија со дрога се проценува дека е меѓу 30 и 40 милијарди евра само во земјите-членки на ЕУ.
Се посочува дека современиот организиран криминал е една од највпечатливите форми на загрозување на безбедноста на државите и обичните граѓани. Покрај негативното влијание врз политичките и економските процеси во рамки на едно општество и глобалната економија, исто така, се подвлекува во соопштението, организираниот криминал го поткопува владеењето на правото и довербата на граѓаните во способноста на полицијата и другите институции да им
обезбедат заштита.
– Еден од начините на кој дрогата може да стигне до тој богат пазар е таканаречената „балканска рута” на која се наоѓа регионот на Западен Балкан. Покрај тоа, регионот станува сè поважен производител на наркотични средства, пред сè канабис, а неговите криминалци се повеќе се вмрежени и вклучени во транснационални криминални активности. Судењата на шефовите на мафијата, скандалите за поврзаноста на политичарите со криминалните кланови или бруталното погубување на членовите на бандата се вообичаени теми што ги покриваат регионалните медиуми. Особено загрижува долготрајниот тренд на создавање култ кон личностите на поранешните криминалци или луѓе со сомнително минато во медиумите, што е особено трагично за помладите генерации кои растат во пропаднати општества, без јасно дефинирани морални вредности, стои во соопштението од ЕВРОТИНК.
Од друга страна, договорните страни од регионот на Западен Балкан, наведуваат од ЕВРОТИНК, се чини дека не покажуваат доволно волја и сила да го стават проблемот со организираниот криминал
под соодветна контрола.
Ова го посочуваат извештаите на меѓународните институции, истражувачките медиуми и други организации, ставајќи го проблемот со организираниот криминал во тесна врска со сеприсутната и системска корупција, т.е. тесната поврзаност на криминалните групи со политичката елита.
– Во такви околности, јасно е дека мора да има социјални чинители кои ќе постапуваат според моделот на „групи под притисок”, со цел да ги постават овие проблеми во вистинскиот фокус на интерес на владините институции и јавноста воопшто, и да ги третираат врз основа на објективни и реални предлози. Во врска со ова, Балканската безбедносна платформа, мрежа на невладини организации од БиХ (Центар за безбедносни студии), Србија (Белградски центар за безбедносна политика), Црна Гора (Институт Алтернатива), Косово (Косовски центар за безбедносни студии), Северна Македонија (ЕВРОТИНК) и Албанија (Институт за демократија и медијација), покренаа иницијатива за решавање на овој проблем на Западен Балкан, информираат во соопштението од Центарот за Европски Стратегии.
Партнерот на ЕВРОТИНК, „Фонд за Западен Балкан”, стои во соопштението, ја препознал важноста на ваквата иницијатива и обезбеди средства за скоро 20 истражувачи на Платформата и претставници на академијата и истражувачкото новинарство за понатамошно специјализирање во истражување на организиран криминал, со цел да понуди најопиплив придонес во борбата против овој проблем.
Оваа обука ќе се реализира во рамки на проектот „Зголемување на истражувачките капацитети на граѓанските организации од Западен Балкан во областа на организираниот криминал”.