Шведската Влада нема да препорача вакцинирање против коронавирс за помладите од 18 години, јави Си Ен Ен.
Шведската влада оценува дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин и дека не им е потребна вакцината.
Сепак, вакцинацијата се препорачува за возрасни, особено оние кои се од ранливите групи и постарите лица.
Главниот шведски епидемиолог Андерс Тагнел во изјава за Си Ен Ен рече дека Шведска функционира по принципот на доброволно вакцинирање и дека тоа било така и за време на минатите пандемии, но стапката на имунизација била висока.
– Веројатно имавме највисока стапка на имунизација во светот, појаснува епидемиологот.