Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, утре се очекува да ги мине медицинските прегледи во Торино, пред да се пресели во Јувентус. Италијанските медиуми објавија дека зделката е веќе завршена и остануваат само последните детали.
Јуве ќе плати 9 милиони евра за кирија за една година, а во договорот има откупна клаузула вредна 45 милиони. Според „Скај”, постои и опција за продолжување на киријата за уште една сезона.
Мората, кој ќе наполни 28 години следниот месец, помина две сезони во Торино помеѓу 2014 и 2016 година. Потоа се претстави многу добро со „бјанконерите” и Реал Мадрид реши да го врати назад. „Белите” го продадоа на Челси во 2017 година и од таму неговата кариера отиде надолу.
Андреа Пирло сакаше да привлече централен напаѓач, а клубот разгледуваше неколку опции. Првата опција беше Един Џеко, но Рома го одложи трансферот и Јуве се откажа. Друга опција беше Луис Суарез, но италијанскиот шампион се повлече од преговорите.