Кошаркарот на Бостон, Кемба Вокер, го коментираше конфликтот меѓу играчите на Селтикс во соблекувалната по поразот од Мајами во вториот натпревар од финалето на Источната конференција (101:106).
-Секој тим има тешки периоди. Отсекогаш знаев дека имаме одлична тимска хемија. Ние се сакаме и сакаме да играме едни со други. Па ништо ново, рече Вокер за „MassLive”.
По натпреварот 2, беше објавено дека дефанзивецот на Бостон, Маркус Смарт, и соиграчот Џејлен Браун во соблекувалната биле на раб на физичка пресметка.
„Селтикси” ја намалија разликата во серијата на 1-2 по победата во третиот деул (117:106).