Инспирирани а вооедно и изреволтирани од неодамнешната наша средба со министрите за здравство и труд и социјална политика, нивните навидум ненамерни изјави во медиумите на тема продолженото породилно отуство, не доведоа до заклучок дека нивната намера е да останат игнорантни кон нашите барања.
Како што и впрочем рече еден од нај почитуваните педијатри во нашата држава и пошироко д-р. сци. Александар Сајковски во неговата поддршка на нашите барања, за која сме му бескрајно благодарни, цитираме: Имам впечаток дека не се води грижа за најсветото на оваа планета.
Во истата, д-р. сци. Александар Сајковски ја изнесе својата резигнираност кон актуелниот став за отварање на градинките и зголемување на групите од 6 во 12 деца (во прилог го имате целосниот негов професионален став и поддршка на нашите барања).
На самата средба министерката Јагода Шахпаска упорно тврдеше дека места во градинките има, дури 19 илјади, за кои сите родители се свесни дека во нормални услови и пракса места нема.
Според извештајот на Европската комисија само катастрофални 30% од децата се запишуваат во градинка а причина за тоа е недоволниот број на места во градинките во Република Северна Македонија.
Овој процент произлегува од вкупниот капацитет на градинките на терироријата на државата кој според тогашната министерка Мила Царовска во 2019та година бил 40 илјади места во 69 градинки.
За пример ќе ја земеме општина Куманово каде во периодот од 2013 до 2019 година родени се 8234 деца .
Градинката „Ангел Шајче” со своите 10 објекти имаат капацитет за сместување на вкупно 11 групи јасли (од 9 до 24 месеци) и 35 групи за деца од 2 до 6 години, распределени низ целата територија на општина Куманово.
Тоа значи дека градинката „Ангел Шајче” има капацитет да смести само 972 деца од вкупно 8234 деца на возраст предвидена за престој во градинка.
Овде се прашуваме како наеднаш според тврдењата на минстерката Јагода Шахпаска, и покрај намалениот капацитет заради пандемијата, места има па дури и одвишок?
Каде отидоа тие 20 илјади деца кои биле запишани во градинка во 2019та година и каде ке се згрижат останатите 70% што во 2019та година воопшто не успеале да се запишат?
Кој ви ја правеше таа стручна анализа што сподредбено со фактите погоре е неточна или сепак е манипулација за пошироката јавност?
За да биде иронијата уште поголема наидовме на објава на социјалните мрежи каде извесен директор на прилепска градинка очигледно почитува се, само протоколи не (https://www.facebook.com/orce.todorovski.3/posts/3945242108838789).
Од тука е јасно дека освен што не можеме да очекуваме од деца да ги почитуваат мерките и протоколите, не можеме тоа да го очекуваме ни од вработените во градинките па замислете и од самиот директор.
Очигледно стручните анализи за безбедноста на нашите деца која министрите на средбата ја гарантираа, стручните анализи дека протоколите во установите за згрижување се почитуваат, во пракса се почитуваат исто толку колку што се почитуваа за 2ри Август на плажата Градиште во Охрид.
Согласно горенаведеното и останатите проблеми со кои се соочивме како избрзаната одлука која ни остави 7 дена да ги запишеме и адаптираме нашите деца во градинка, особено оваа група од 9 до 18 месеци кои заради пандемијата нивото на социјализација им е екстремно ниско и со тоа адаптацијата во градинка ја прави по тешка и по стресна од вообиечаената,
да треба да бираме помеѓу нашите работни позициии и нашите деца со што ке не доведе до раб на егзистенција
и најважно од се намерното изложување на ризик и фрлање во први борбени редови со болеста на најмалите, најкревките од страна на Владата која со оваа одлука јасно ни докажува дека не работи во корист на иднината на оваа држава туку во корист на за нас непознати причини, очигледно поважни од децата, најавуваме протест денес во 17:30 часот повторно пред Владата на Република Северна Македонија.
Овој пат барањето ни е едно и едноставно, породилното отсуство да се продолжи се дур СИТЕ деца не бидат соодветно и безбедно згрижени со предходна доволна и задолжителна адаптација и со таа цел бараме средба со премиерот Зоран Заев бидејки нам ни треба некој кој ке не сослуша и разбере, не некој што ке ни го повторува истото што го слушаме секојдневно без да ги земе во предвид нашите аргументи.