Седум лица загинаа, а четворица се ранети во напад што се случи вчера во југо-западна Колумбија, соопштија локалните колумбиски медиуми, пренесе ДПА.
-Седум млади луѓе … беа масакрирани со гранати и истрели од огнено оружје, изјави сенаторот Темистокле Ортега за радиото Каракол.
Нападот се случил во местотот Мунчике, во југозападната држава Каука.
-Немате алтернатива во Каука, рече Ортега, додавајќи дека оние што живеат таму се „изложени на криминал од сите видови”.
Портпаролот на колумбиската армија, Марко Винисио Мајорга, изјави за радиото дека злосторството „првично му се припишува” на фракцијата на Хаиме Мартинез, која произлезе од демобилизацијата на герилското движење ФАРК во 2016 година и која сега дејствува во оваа област, појаснува германската агенција.
Народниот правобранител на Колумбија на Твитер ги осуди настаните во Каука: „Итно треба да го искорениме … насилството што влијае врз правата и постојано ги загрозува животите на Колумбијците”.
Во оваа латиноамериканска држава само годинава загинаа повеќе од 240 лица во 60 масакри – дефинирани така бидејќи во нив биле убени најмалку три лица, наведува невладината организација Индепаз, која го следи насилството.
Според оваа невладина организација, нападот во Мунчике е 11-ти овој месец, потсети ДПА.