Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска призна дека е загрижен за функционирањето на здравствениот систем доколку продолжи сегашниот тренд на хоспитализации поради Ковид-19. Тој додаде дека неговата влада прави сè што е можно за да се спречи здравствениот систем да се „затвори” во актуелниот втор бран за останатите пациенти на кои им е потребна помош.
Одговарајќи на критиките на опозицијата во парламентот, Јанша ги демантираше тврдењата дека неговата влада не подготвила здравствена заштита за вториот бран епидемии наесен и дека сега има „масовен ќор-сокак” во здравството, со уште подолго време на чекање за операции и доцна откривање на малигни заболувања.
Јанша рече дека се надева дека здравствениот систем нема да биде затворен за другите пациенти поради зголемениот број на лица заразени со коронавирус, затоа е важно за сите да ги следат епидемиолошките правила, наведувајќи го недостигот на персонал како главен проблем за долгорочна здравствена заштита.
– Не е главниот проблем во финансиските ресурси, рече Јанша, додавајќи дека владата веќе издвои дополнителни 210 милиони евра за здравствена заштита оваа година и се обидува да ги реорганизира болниците кои сега, за разлика од средината на март, имаат доволно заштитна опрема и респиратори.
Главниот проблем, како што посочува, е недостигот на медицински персонал и стручен кадар потребен за здравствена заштита и домови за стари лица.
Во последните неколку месеци, неколку стотици експерти, лекари и медицински сестри ја напуштија Словенија и заминаа во Австрија и во други земји, рече словенечкиот премиер, истакнувајќи дека неговата влада преговара за нов пакет за здравствена заштита со социјалните партнери, но исто така предлага исклучување на високообразовани здравствени работници. од системот на јавни плати, за да можат соодветно да бидат наградени и да не одат во средини каде се подобро платени.
– Стравуваме дека наскоро ќе имаме повеќе хоспитализирани отколку што беше случај во првиот епидемиски бран, вели раководителот на единицата за интензивна нега, д-р. Матјаж Јереб.
– Имаме план да го зголемиме бројот на кревети на одделот за интензивна нега во следниот период, но тоа не може да трае на неодредено време. Но, главниот проблем не се креветите, туку медицинскиот персонал, додаде тој.