Срна била усмртена од возило додека се движела по автопатот Тетово-Скопје, а при судирот повредена е и сопатничка во автомобилот, информира денеска СВР Тетово.
-Вчера во 17 часот и 30 минути, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на исклучувањето за Групчин, патничко моторно возило „рено сеник” со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот З.С. од скопско Волково, удрило и усмртило срна која се движела по коловозот. При тоа, со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Д.З.(49), која била пренесена во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.
По пријавата на случајот извршен е и увид од страна на екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.