Најновиот филм на Кристофер Нолан, „Тенет“, се најде на првото место на американските киноблагајни викендов и заработи нови 4,7 милиони долари во време кога домашните изданија продолжуваат да бележат скромна и речиси разочарувачка заработка, коментираат медиумите.
На второ место е хорор фимот на Дизни, „Новите мутанти“, кој изминатиот викенд собра 1,6 милиони долари, според „Дедлајн“.
Порталот тврди дека „Тенет“ заработил само 4,7 милиони долари на домашниот боксофис, разочарувачки домашен вкупен износ од 36 милиони долари пред сезоната на анемични есенски филмови.
А во светски рамки, трилерот на „Ворнер брос“ инкасираше 200 милиони долари на меѓународните киноблагајни, според истиот извор.
Бокс-офисот веројатно ќе биде уште поанемичен во текот на целата есен, имајќи предвид дека не се очекуваат ниту пак се закажани премиери до 23 октомври.
Во моментов, отворени се три четвртини од киносалите во САД, но Американците не брзаат назад во голем број заради стравот од коронавирусот, иако големите хитови како „Тенет“ дебитираа во киносалите, а не на Интернет.