Од денеска почнува учебната година по актерска игра во Актерската школа на Весна Петрушевска. Оваа година, актерската школа и КМК Продукција заедно со Општина Центар и компанијата „Пакомак” спроведуваат општествено одговорен проект, „Учиме преку актерска игра”, преку кој 12 талентирани ученици од територијата на Општина Центар ќе бидат стипендирани и ќе ја имаат можноста да се запознаат со магијата на актерската игра.
Како дел од овој проект, доколку здравствената состојба тоа го дозволи, со соработниците од Македонскиот народен театар ќе се реализира и претстава во чест на писателот Горан Стефановски.
Оваа година актерската школа ја почна во свој простор, зад Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу”.
Наставата ќе се одржува во групи и тоа по 10 ученици, со спроведени протоколи за заштита од КОВИД-19.
Уписите ќе бидат отворени во текот на целата школска година.