Хуманитарна акција „Донирај го својот труд – вложи го во детска насмевка”, наменета за подобрување на условите за лекување и медицински третман на предвремено родените деца од Одделот за неонатологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, организира компанијата „Ројал три”, што се занимава одгледување гоџи бобинки.
Компанијата повикува секој кој се занимава со одгледување гоџи бобинки ќе може да го донира својот труд и ги повикува сите хумани луѓе да учествуваат во оваа акција така што ќе се пријават на повикот за берачи.
Компанијата ќе даде личен пример и целиот износ што оваа година е планиран за исплата на берачи ќе го донира во Одделот за неонатологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје.
-Идејата на целата акција на „Royal Tree” е да издејствуваме промена. Секогаш е најлесно да бидеме набљудувачи на состојбите, но во суштина вистината е дека сите ние на некој начин сме инволвирани во создавањето на подобар свет. Акцијата доаѓа во време кога светот се бори со Ковид 19 пандемија и кога е неопходно да бидеме тука едни за други за да ја споделиме маката и да направиме се што е во наша моќ, за доброто на децата, за доброто на општеството. Ова е прв настан од овој тип, каде што се повикува на донирање на сопствениот труд во една благородна идеја. Се надеваме дека ќе успееме да го претвориме во една убава традиција која ќе ја негуваме низ годините што допрва доаѓаат. Се разбира оние кои нема да можат да ни се придружат, а сакаат да учествуваат во акцијата, било да се поединци или компании и понатаму можат да го направат тоа преку донирање на финансиски средства, вели Христина Ѓурчиновска, генерален директор на „Royal Tree”.
Доколку сакате да го донирате својот труд и да земете учество во оваа хуманитарна акција во својство на берач пријавете се во порака на FB страната на Royal Tree или со јавување на телефонскиот број 078 450 748.
Сите оние кои не се во можност да дојдат на берачките акции, а сакаат да дадат свој придонес, може да го направат тоа преку донирање на финансиски средства на: Трансакциска сметка: 270064054520247 (ХАЛКБАНК А.Д Скопје). Цел на дознака: Донирај за детска насмевка.