На Инфективната клиника во Скопје како последица на Ковид 19 починало 22-годишно момче од Свети Николе- соопшти велешкиот градоначалник, Аце Коцевски .
Според неговата информација, момчето најпрво се лекувало на Инфективното одделение од болницата во Велес, но поради компликации, минатата недела било итно пренесено во Скопје.
Коцевски апелираше до сите жители на општина Велес да ги почитуваат мерките за заштита затоа што последните десетина дена бројките покажуваат зголемување во тој реон.