Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска предупреди дека Ковид-19 може да се пренесе со мали честички во воздухот и дека вирусите можат да преминат повеќе од два метра.
Претходно, ЦДЦ тврдеше дека вирусот главно се пренесува од човек на човек преку респираторни капки кога болно лице кашла или зборува.
Ажурираните упатства за борба против Ковид-19, објавени на веб-страницата на агенцијата, исто така препорачуваат луѓето да користат прочистувачи на воздухот за да го намалат внесот на микробите во затворени простории и со тоа да избегнат ширење на болеста.
Вирусите што се пренесуваат преку воздухот се најзаразни, а ЦДЦ предупредува на зголемен ризик од ширење на болеста во области што не можат да бидат добро проветрени.
Истражувањата покажаа дека новиот коронавирус може да се шири преку аеросолните честички во воздухот, а Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ги следи „доказите” за можна трансмисија на болести преку воздух.