Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел оцени дека ситуацијата во Белорусија продолжува да се влошува поради репресијата на властите над мирните демонстранти.
„ Народот на Белорусија има право слободно да го избере претседателот без прогонување и репресии“ рекол Борел.
Тој пред состанокот на Советот на ЕУ во Брисел најави дека шефовите на дипломатиите на ЕУ ќе разгледаат како да го поддржат народот во Белорусија и како да ги продолжат односите со белоруската влада, земајќи во предвид дека ЕУ не го признава Лукашенко за претседател.
Борел истакна дека не се работи за мешање на ЕУ во внатрешните прашања на Белорусија и нагласи дека демократијата и човековите права во основата на идентитетот на ЕУ.
Министрите за надворешни работи на ЕУ пред состанокот во Брисел разговарале и за кандидатката за претседател на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја.