Спортскиот концерн „Пума” ја уништи конкуренцијата потпишувајќи спонзорски договор со Нејмар. За таа цел, брендот го претвори Бразилецот во најдобро платен фудбалер на ниво на спонзорство.
Тој ќе заработува 25 милиони евра годишно. 28-годишниот Бразилец ќе заработува повеќе од Лионел Меси и Кристијано Роналдо откако ќе му истече договорот со Најк.
Врската помеѓу Нејмар и Најк траеше 14 години. Кристијано Роналдо моментално добива 10 милиони евра од Најк, додека Лионел Меси собира 20 милиони евра од Адидас.
Нејмар станува заштитно лице на брендот Пума, кој сака да се врати силно во светот на фудбалот.