Ведат Муричи, најдобриот фудбалер на Косово, или еден од најдобрите, според пишувањето на медиумите во Италија е заразен со Ковид-19. Познато е дека тој пред неколку дена направи голем трансфер од Фенербахче во Лацио, и се заразил во Италија. Тоа го покажале лекарските прегледи, односно тестовите.
Се разбира дека ова е лоша вест за селекцијата на Косово која на 8 октомври треба да гостува во Скопје, кога ќе се игра истрискиот полуфинален меч во плеј – офот за пласман на ЕВРО 2021.
Муричи го чека сега двонеделен строг карантин, прашање е дали ќе има време навреме да се опорави пред 8 октомври и мечот на деценијата, и за двете селекции, во Скопје.