Британскиот принц Вилијам ќе се приклучи на виртуелен панел составен од страствени активисти за животна средина, како Ал Гор, Џејден Смит, Крис Хемсворт, Марк Руфало, Јеми Аладе и Дон Чидл, каде ќе дискутираат за тоа како светот може да се справи со климатските промени и како да се обезбеди поздрава иднина на планетата.
Настанот, наречен Одбројување“ (Countdown), ќе биде прва бесплатна „ТЕД токс“ конференција, а ќе се одржи на 10 октомври.
Покрај горенаведените говорници, на настанот ќе се појават научници, активисти, претприемачи, урбанисти, земјоделци, извршни директори, инвеститори, уметници, владини службеници и многу други. Целта на панел-дискусијата е да се презентираат најефикасни идеи засновани на докази за да се помогне во борбата против климатските промени.