Владата да им ги плати придонесите за седум години на околу 300 поранешни работници, технолошки вишок и сегашни вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит” што со закон е обврзана, побараа работниците денеска. Дел од нив се собраа пред Центарот за култура „Марко Цепенков”.
Според Цветан Бунтески од Иницијативниот одбор на работниците прогласени технолошки вишок веќе една поминала откако законското решение донесено од претходниот Парламент е објавено во Службен весник. Се бара средба со премиерот кому, како и на претседателот на државава и на прилепскиот градоначалник им испратиле писма.
– Ова веќе нема смисла. Една година законот што го донесе Парламентот е објавена во Службен весник и до денеска нема ништо. Претставникто ан државниот капитла ни рече само дека за оваа намена нема пари во буџетот. А премиерот во текот на изборите ни вети дека проблемот ќе биде решен. Писма испативме до премиерот, до претседателот и до градоначалникот, а само ни беше одговорено од кабинетот на премиерот дека „споделуваме надеж дека низ дијалог се можни решенија на проблемот, за што ќе бидете известени”. Ниту ние сакаме да протестираме, ако се реши проблемот. Дури ни беше речено дека се подготвува нова процена на Еурокомпозит, но тоа не влиаје на она што го бараме, а е законски решено. Во спротивно од среда почнуваме протести и блокади, изјави Бунтески.
Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит” вели дека се придружувата за протест зашто 50-ината вработени од декември лани немаат земено ништо.
– Ниту придонесите се исплатени, ниту ние во фабриката сме зеле пари уште од декември 2019. Крајно е тешко, а немаме добиено ниту ваучери, а слушнавме дека не нема ниту во четвртиот сет мерки. Затоа ќе се придружиме на протестите, рече Богданоски.
На околу 300 поранешни, прогласени технолопки вишок и сегашни работници на „Еурокомпозит” треба да им се исплатат вкупно околу 1,5 милиона евра на име придонеси за пензиско осигурување за седум години, за периодот од 2012 до 2019 година. Околу 150 прогласени технолошки вишок имаат добиено по 25 000 денари на име отпремнини, а треба секој да добие по 90 000 денари. Работниците најавија протести и блокади кои ќе започнат од среда.