Во последните 24 часа направени се 552 тестирања и регистрирани се 45 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 86 пациенти, а седум лица се починати, информира Министерството за здравство.
Од ново регистирираните случаи десет се во Скопје, девет во Кочани, по пет во Тетово и Берово, по четири во Куманово и Гостивар, двајца во Кичево и по еден во Штип, Прилеп, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 86 оздравени пациенти од кои 24 во Скопје, осум во Куманово, по седум во Гостивар, Пехчево и Крива Паланка, шест во Прилеп, пет во Гевгелија, по четворица во Дебар и Виница, тројца во Кавадарци, по двајца во Тетово, Радовиш и Кочани, и по еден во Штип, Струга, Битола, Пробиштип и Свети Николе.
Починати се седум лица, од кои двајца пациенти од Струмица на 52 и 62 години, еден 54-годишен пациент од Дебар, 53- годишна пациентка од Штип, 66 годишна пациентка од Прилеп, 66-годишен пациент од Кочани и еден 23 годишен пациент од Свети Николе.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16 780, бројката на оздравени пациенти е 13 949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Во Скопје – 6585, активни 584, Куманово – 1698, активни 207, Дебар – 276, активни 36, Штип – 1232, активни 63, Прилеп – 618, активни 131, Тетово – 1381, активни 173, Струга – 647, активни 62, Велес – 309, активни 36, Битола – 272, активни 65, Охрид – 405, активни 47, Кавадарци – 215, активни 33, Гостивар – 907, активни 110, Гевгелија – 107, активни 60 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица – 175, активни 106, Крива Паланка – 96, активни 31, Радовиш – 71, активни 23, Крушево – 20, активни 3, Кочани – 264, активни 104, Пробиштип – 104, активни 22, Демир Хисар – 61, активни 2, Македонски Брод – 91, активни 12, Пехчево – 42, активни 11, Берово – 84, активни 26, Валандово – 17, активни 8, Виница – 98, активни 24, Делчево – 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово – 24, активни 4, Свети Николе – 316, активни 19, Кичево – 311, активни 38, Ресен – 160, активни 13, Неготино – 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Направените 552 теста се преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Систина со PCR метода -128, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-17, Синлаб-69, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) Од кои во Чаир – 63, Гази Баба – 74, Аеродром – 86, Карпош – 70, Центар – 78, Кисела Вода – 52, Ѓорче Петров – 38, Бутел – 33, Шуто Оризари – 17, Студеничани – 11, Сарај – 16, Арачиново – 9, Илинден – 15, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 3, Петровец – 6, Зелениково – 2, шест страци и двајца нераспределени.