Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов, денеска во просториите на Агенцијата ќе одржи работен состанок со претставници на Министерството за внатрешни работи, Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, Град Скопје, Општина Шуто Оризари и Коњичката федерација на Македонија.
Со одржување на состанокот, како што соопшти АХВ, ќе биде означен почетокот на кампањата за јакнење на свеста за благосостојбата на коњите кои се користат за работа и за зголемување на безбедноста на патиштата во урбаните средини, каде оваа категорија животни се вклучени како учесници во сообраќајот.