Битиќи: И покрај Ковид-19 кризата, платите остануваат стабилни и растат

И покрај Ковид-19 кризата, платите остануваат стабилни и растат, просечната нето плата е зголемена за 2.127 денари или за 8,5% споредено јули 2019 со јули 2020 година, напиша на Фејсбук, вицепремиерот за економски прашањаа, Фатмир Битиќи.

-Според податоците на Државниот завод за статистика, кои ги објави вчера, просечната нето плата во земјава изнесува, 27.231 денар. Ако го споредиме периодот јануари/јули 2019 со истиот тој период оваа година, имаме зголемување на просечната нето плата од 8%. Овој податок зборува дека и покрај КОВИД-19 кризата, платите остануваат стабилни и растат. Ова во голем дел е резултат на зголемувањето на платите во образованието и здравството во изминатава година. Влогот во човечкиот капитал е инвестиција која е најсилен пилар во растот и развојот на нашата домашна економија, ние тоа го препознаваме овие податоци тоа го потврдуваат и ние ќе продолжиме да работиме во таа насока и во овој мандат. Приоритет е справувањето со КОВИД-19 но зголемување на просечната, минималната плата, пензиите и стабилен и одржлив економски раст е целта во која гледаме и заедно до неа ќе стигнеме, вели Битиќи.

https://www.facebook.com/FatmirBytyqiOfficial/posts/123338302842773?__xts__%5B0%5D=68.ARDnDjkjH9_t0uS_xlHbWoastSPU3Crc5N6kLq-Kn6TaW2aUB8nMZXC9cSVv1l3CmC0mQ_SgkF3gLb7xRKIejZ1qclKRuQsMxBYLVW–Ff6o4h5VyDSSRK-RMOMVzaE0TGS0-H9VpV85_5W4B9DGRWGUkN-hRCl8mIlbwUOvz6ijqdgENP-4TyBEW5IUGKaLBU_NoBu1xuC00jkXN6bBOVmJ2WdDs6A0__EA45e2HjVHa_9JqSufj7nNtd69QLypk-NYpNujeZyI5lGi1IGVAu6aXT8cHwcn5VJKCv2ZJFug9ZERrbC2GkkB8gW4IGKd6CY9NuULQs3_Dwpsk_NbE78&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави