Прегазен скопјанец на електричен тротинет кај Соборен храм

На 21.09.2020 во 17.15 часот на булeвар Св.Климент Охридски во Скопје, на место каде се спојува со сервисна улица која води кон паркинг од Соборен храм „Св.Климент Охридски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „мазда 3“, управуван од Ф.М.(47) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Е.С.(36) од Скопје.

По незгодата Е.С. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави