Грција и Турција се договорија наскоро да го одржат во Истанбул, 61-от круг од прелиминарните контакти, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Во изминатиот период грчкиот премиер, како и министрите од неговата Влада порачуваа дека поддржуваат почеток на дијалог до Турција, но само доколку Анкара запре со провокациите во Источниот Медитеран и само за единствената разлика, односно одредување на Ексклузивната економска зона.
Последен пат прелиминарни разговори меѓу Анкара и Атина беа одржани во 2016 година.с