Металург со два гола патува на реванш мечот во Цирих, откако на првиот меч во СЦ „Јане Сандански“ славеше со 26-24 (14-13) против Криенс.
Лошиот вовед во второто полувреме го спречи македонскиот претставник да дојде до поголема позитива на првиот дуел, играта во нападот, но и одбрана беше раштимана.
Тарабокија и Хорват со осум погодоци беа најефикасни во редовите на „металурзите“, по три погодоци имаа Канкараш и Серафимов. Дупјачанец имаше седум одбрани.
Тимот од Автокоманда во поголем дел од првото полувреме одржуваше предност од два гола. По изедначената игра на стартот, со серија од 2-0 (два погодоци на Тарабокија) и одбрана на Дупјачанец во 8 минута поведе со плус два (5-3). Оваа предност „металурзите“ ја имаа до 17. минута, пропуштија шанса да го зголемат плус три, противникот со серија од 2-0 израмни на 8-8.
Хорват и две одбрани на искусниот голман го држеа во ритам тимот од Автокоманда, токму хрватскиот интернационалец го врати она почетно водство од плус два 11-9 во 25. минута. Не успеаја да го задржат ритамот, Криенс израмни за кратко време (11-11). Но, Металург се избори за позитива од еден гол 14-13.
Избраниците на Зоран Кастратовиќ лошо го отворија второто полувреме, сликата на теренот беше поинаква. Гостите брзо ја вратија неизвесноста, во 43. минута поведоа со највисоки плсу два 17-19 во овој дел од натпреварот.
Дупјачанец со три одбрани во низа го спречи швајцарскиот состав да дојде до поголема позитива, перфектниот Хорват израмни на 20-20 на десет минути до крајот. Се кренаа „металурзите“, одличниот Дупјачанец, и најефикасните Хорват – Тарабокија по долго бреме го искачија својот тим на 23-21 на пет минути до крајот на мечот. Наместо лесно чекорење до триумфот, Тарабокија примаше зицер на неполни две минути до крајот.
Но, нова одбрана на искусниот голман на македонскиот тим и бомба на Серафимов беа доволни за 26-24.