Протоколите за работа на едукативните центри ќе бидат разгледани на денешната владина седница, а протоколот за игротеките се очекува да биде готов до следниот состанок на Комисијата за заразни болести.
– Донесени се протоколите за едукативните центри и денеска поминуваат на седница на Влада. Протоколи за функционирање добија и училиштата за деца со посебни потреби со оглед на тоа што анализата покажа дека се работи за мал број на деца во огромни училишни простории, рече Филипче на прес-конференцијата во Владата.
Протоколот за работа на игротеките, како што посочи, се работи во координација со претставници на игротеките.