Министерот за економија, Крешник Бектеши денешната прес конференција ја започна на албански јазик. Од почит како што рече кон најголемиот етникум се обрати и на македонски.
Прашан зошто пресот го почнува по обратен редослед, не како до сега – министерот за економија Бектеши со порака до новинарите – да учат албански.
-Jазикот е за да се доближат луѓето, е важно да се разбираме и секој дополнителен јазик е додадена вредност, а тоа секако би бил и за вас како новинар, имајќи во предвид дека има и многу функционери и секако дека имате многу колеги кои го зборуваат тој јазик. Бидејќи е ова втор пат што ми го поставувате истот прашање, тоа било и во првите недели откако се усвои законот за јазиците, изјави бектеши.
Бектеши не одговори директно на предлогот на лидерот на „Беса“ Биљал Касами, кој на ТВ 21 порача дека и приватните компании треба да спроведат двојазичноста, бидејќи дел од дипломираните Албанци не го говореле македонскиот.
Но им порача него и на политичарите од власта пред да коментираат да ја прочитаат владината програма. Го повтори ставот дека вработувања по етнички клуч со државни пари ќе има и во приватниот сектор, најверојатно од наредната година.