Скопјанка завршила во болница откако паднала во автобус на ЈСП

На 21.09.2020 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „Св.Наум Охридски” со тешки телесни повреди била донесена Д.П.(73) од Скопје.

Според нејзино кажување, околу 08.40 часот на бул.„Крсте Мисирков”, додека се превезувала како патник во автобус на ЈСП Скопје, паднала и се повредила.

Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави