Нервозен велосипедист оштети автомобил по сообраќајна расправија, вчера вечерта во Ново Лисиче, информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 16.30 часот на булеварот Видое Смилевски Бато.
Тогаш, како што пријавила М.Ж.(61) од Скопје, се движеле со автомобил „југо“, што го управувал нејзиниот сопруг В.Ж.. По недоразбирање во сообраќајот со едно лице со велосипед, велосипедистот почнал да удира по возилото и го оштетил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.