На свеченост во Италијанската амбасада, тетовската градоначалничка Теута Арифи е одликувана со „Орден на Ѕвездата на Италија”, информираат од нејзиниот кабинет. Ова одликување е доделено за придонес во промоција на вредностите на италијанската култура и јазик во странство.
-Наскоро во Тетово ќе профункционира и Италијански агол на книгата, што ќе служи како културен мост меѓу двете земји. Му благодарам на амбасадорот Карло Ромео за честа и гостопримството и верувам дека и во иднина ќе продолжиме да соработуваме и да промовираме прогресивни европски вредности и практики во нашата земја, истакнува Арифи.
Италијанското одликување првпат почнало да се доделува од претседателот на таа држава од 2011 година.