– Една четвртина од децата Роми страдаат од неухранетост, а животниот век на Ромите во Европа е пократок за десет години во споредба со тој на другите европјани, според студијата спроведена меѓу 4500 Роми низ цела Европа, јави дописникот на МИА.
-Секое четврто дете Ром живее во домаќинство кое не може да пристапи до основните потреби, како што се здрава исхрана или топлина, или има потешкотии во плаќањето кирија. Многумина се соочуваат со глад , пишува Европската агенција за основни права (ЕАОП) со седиште во Виена.
-Покрај тоа, очекуваниот животен век на Ромите е за 10 години понизок од оној на општата популација, додава ЕАОП.
-Овој извештај ги истакнува на виделина шокантните тешкотии со кои се соочуваат премногу Роми во денешна Европа, вели директорот на ЕАОП, Мајкл О Флахерти.
Студијата се засноваше на разговори што се одржаа во периодот од декември 2018 година до јули 2019 година со повеќе од 4500 Роми во Белгија, Франција, Ирска, Холандија, Шведска и Велика Британија. Децата честопати се соочуваат со непријателство, скоро третина од родителите велат дека нивните деца биле вербално малтретирани на училиште заради нивниот идентитет.
Друго истражување спроведено од ЕАОП покажува дека скоро половина од граѓаните на ЕУ (45 отсто) би им било непријатно да ги имаат за соседи Ромите, пропорцијата е највисоко во Франција (52 отсто). За да се подобри состојбата, ЕАОП ги повикува земјите-членки на ЕУ „да им овозможат на Ромите и луѓето кои патуваат да го следат нивниот начин на живот, обезбедувајќи доволни места за прием кои нудат пристојно сместување”.