Претседателот Стево Пендаровски изјави дека не гледа ништо спорно во писмата испратени до вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква.
-Не постои ниту една држава од праволсваниот свет која не ја подржувала и денес и порано својата православна црква за да биде повидлива во семјетсвото на православни цркви. Она што треба да се спомене, а не го гледам во тие анализи кои забележуваат мешање на световната и црковната власт, е неоспорен факт дека Македонската правиславна црква и кога не сме имале држава, таа била во заштита на македонскиот идентитет, изјави Пендаровски по седницата на Советот за безбедност одговарајќи на новинарско прашање во врска со коментарите дека неговото писмо и писмото на премиерот Зоран Заев до патријархот Вартоломеј се мешање на световната во црковната власт.