Во 81 година од животот вчера во Скопје почина Градимир Јовановиќ – Киби, бардот на македонкското радио новинарството и еден од основоположниците на дневниот весник Слободен печат. Јовановиќ беше единствен во историјата на македонското радио кој во рамки на радискиот фестивал на југословенската радио и телевизија има освоено три први награди за најдобар радио весник во конкуренција на сите радио станици на СФРЈ, како и прва награда во конкуренција за најдобар политички коментар. Носител е на повеќе професионални награди за новинарство во државата, меѓу кои и наградата за новинарство „Крсте Мисирков”. Одликуван е со Орден за труд со златен венец од Јосип Броз Тито во името на СФРЈ.
Ќе остане запаметен по своето критичко перо, бескомпромисност и карактеристичен глас.
Погребот е извршен денеска, во најтесниот круг на семејството.