Брук Шилдс се чини дека е безвременска фатална жена, која крена бура со неколку провокативни фотографии на „Инстаграм“.
55-годишната фам-фатал сподели црно-бели фотографии, на кои изгледа заносно во едноделен темен костим за капење.
Фотографиите ги направи поранешната манекенка Хелена Кристенсен (51), која се прослави како ангел на „Викторија сикрет“ во 90-тите години на минатиот век.
„Одлична пријателка и соработник од соништата“, напиша Брук во објавата додавајќи: „Ти благодарам што веруваше во мојата визија и помогна да се реализира“.
Динамичното дуо е во пријателска врска веќе некое време.
Брук, која порано беше госпоѓа Андре Агаси, е во брак од 2001 година со сценаристот Крис Хенчи. Sвездата на The suddenly Susan и нејзиниот сопруг се горди родители на две ќерки – 17-годишната Роуан и 14-годишната Гриер.
Во меѓувреме, Хелена помина низ три разводи и имa 20-годишен син Мaнгус со вториот поранешен сопруг Норман Ридс.