Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска изјави дека не гледа причина за воведување нов карантин, но исто така посочи дека донесените мерки мора да се почитуваат.
– Сепак, гледаме дека бројот на заразени расте насекаде, поради што постојано истакнуваме дека ширењето на инфекцијата може да се спречи ако се следат познати правила – носење маски, дистанцирање, избегнување метеж, хигиена на рацете. Ова се толку едноставни правила што го намалуваат ширењето на вирусот, изјави Јоханис на прес-конференција.
Во Романија, 1.767 лица се разболеле од коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број достигна 116 415 лица, а има 47 смртни случаи. Романија е прва во овој дел на Европа според бројот на заболени и смртни случаи.