Белоруската опозиција денеска повика на граѓанска непослушност откако Александар Лукашенко беше инагуриран за претседател и покрај секојдневните протести.
Инагурацијата на Лукашенко се одржа денеска без претходна најава.
Членот на Координативниот совет на опозицијата Павел Латушко на социјалните мрежи напиша ека тој и неговите сојузници никогаш нема да ја прифатат фалсификуваната изборна победа на Лукашенко и побараа нови претседателски избори.
– Ги повикуваме сите веднаш да започнат кампања за граѓанска непослушност, истакна Латушко.