Прва победа за Денвер во серијата со Лејкерс

Екипата на Денвер забележа победа во третиот натпревар од финалето на Западната конференција против Лос Анџелес лејкерс во кошаркарскиот НБА плејоф.

„Нагетс” ноќеска славеа со 114:106 најмногу по заслуга на Џамал Мареј кој имаше дабл-дабл ефект со 28 поени и 12 асистенции, притоа додаде и осум скока.

Во поразениот тим, Леброн Џејмс оствари трипл-дабл, постигнувајќи 30 поени, 11 асистенции и 10 скокови.

Моменталниот резултат е 2-1 во серијата прв до четири победи.

И во источното финале резултатот е 2-1. Води Мајами против Бостон, а следниот дуел во оваа пресметка е вечер во 2:30 часот по полноќ.

Треба да знаете
Последни објави