Санкционирани 325 возачи во Скопје, од кои 128 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 325 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 128 прекршоци, технички неисправни и  нерегистрирани возила 11, 9 санкционирани мотоциклисти, 78 мерки за непрописно паркирани возила и 74 возила подигнати со пајак (вкупно 152), а изречени се и 36 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

Треба да знаете
Последни објави