Со последната одлука на Владата, „Синеплекс” инфромира дека почнува со работа на 24 септември 2020 година.
– Предложените протоколи за организирање на настани од страна на Комисијата за заразни болести а прифатени од страна на Владата, „Синеплекс” ги имплементираше во работењето, се со цел заштита на здравјето на посетителите и вработените, соопштои „Синеплекс”.
Во соопштението се посочува дека за таа цел, вработените во „Синеплекс” целосно ќе ги почитуваат и спроведуваат мерките како би ја зголемиле безбедноста и пред се ќе придонесат да се заштити здравјето на посетителите.
„Синеплекс” дополнително го зголеми и нивото на дезинфекција на просториите и салите, поставени се диспензери за хигиена на рацете, заштитни бариери, како и задолжителна заштитна опрема за сите вработени. Протоколот за работа на киното „Синеплекс” ќе биде јавно објавен на официјалната веб страна www.cineplexx.mk. „Синеплекс” апелира до сите посетители да ги почитуваат мерките се со цел заштита на јавното здравје, се нагласува во соопштението на „Синеплекс”.