ЈП Водовод и канализација отпочна со активности и проекти со кои ја поддржува иницијативата на СОС Детско село

На покана на СОС Детско село, се одржа средба меѓу Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски и Националниот директор на СОС Детско село, г-а Јулијана Накова Гапо, придружувани од претставници на координативните тела на двете институции. По потпишување на Меморандумот за соработка во март оваа година, ЈП Водовод и канализација – Скопје, како општествено одговорна компанија пристапи кон спроведување на активности и проекти со кои ја поддржа иницијативата на СОС Детско село, „Стани СОС пријател”, донаторската кампања за индивидуално донаторство „Ниту едно дете не треба да расте само“, како и други активности кои се во знак на поддршка и ширење на мисијата на СОС Детско село.

Имено во услови на рестрикции и ограничувања како резултат на спречување на ширење на корона вирусот, Ковид – 19, сите активности беа спроведени преку онлајн комуникација и координација, а во текот на вчерашниот ден беше одржана и средба на која обете страни го искажаа задоволството од успешно реализираните благородни активности и истовремено беа дискутирани и планови за отпочнување и реализација на нови активности и продолжување на соработката.

„Ние сме почестени, среќни и навистина горди што безусловно пристапивме кон отпочнување на соработка со СОС Детско село и поддршка на нивната мисија, која сега е веќе и наша, а тоа е поддршка на деца и младинци без родители и без родителска грижа згрижени во СОС Детско село. Како прво јавно претпријатие кое стана дел од СОС семејството, ги повикуваме сите други општествено одговорни компании и индивидуалци да го следат нашиот пример“, истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Упатуваме повик секој од нас да стане суперхерој и да донира на линкот https://sos.org.mk/sos-superheroi/

 

Треба да знаете
Последни објави