Владата предводена од СДСМ презеде и презема ефикасни и навремени мерки за полесно справување со економските последиците предизвикани од коронавирусот. Од самиот почеток на пандемијата, главниот фокус се најранливите граѓани кои и најмногу се погодени од кризата. СДСМ покажа дека се грижи за секој еден граѓанин, а истовремено креира и развојна економија со цел успешно справување со кризата. Преку мерката “купувам домашно”, како дел од сетот економски мерки, вкупно се изработени и подигнати 309.000 картички во вредност од 26.8 милиони евра.
Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош. Преку 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања.
Над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници. Токму оваа мерка го поддржа и помогна домашниот буџет на граѓаните, ја зголеми потрошувачката, како и работата и производството на домашните компании.
Преку мерката “Дома си е дома” Владата предводена од СДСМ додели ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош за туризмот и угостителството како едно од најпогодените гранки. Почитувани,
СДСМ како одговорна партија останува посветена на креирање мерки што значат вистинска грижа за сите граѓани, обезбедуваат спас на работните места, како и помош и поддршка на компаниите во најпогодените сектори. Во тек е подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки којшто има за цел да обезбеди уште поголема поддршка и на работниците и на компаниите.