Напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Челси, Тимо Вернер изјави дека имал сомнежи во приклучувањето кон лондонскиот тим откако „сините” испаднаа од Лигата на шампионите во осминафиналето од Баерн Минхен (0:3, 1:4).
-Лажам ако кажам дека не се сомневав во тоа. Поразот на домашен терен со резултат 0:3 воопшто не беше во прилог на изборот на Лондон. Ова го кажувам отворено, бидејќи во Лајпциг секогаш сме играле достоинствено и во еднакви услови против Баерн, изјави Вернер.
Тој се пресели во Челзи од Лајпциг летото 2020 година за 53 милиони евра. Дваесет и четиригодишниот Германец има една асистенција на два натпревара за тимот.