Уругваецот како трет најдобар стрелец во клупската историја ја завршува неговата мисија во каталонскиот гигант
Луис Суарес пред шест години стигна на „Камп ноу“ и стана еден од симболите на клубот. Уругвајскиот голгетер постигна 198 погодоци и е трет најдобар стрелец во историјата на клубот. Со Барселона ги освои сите најзначајни трофеи и имаше блескави сезони. Сепак, љубовта на Суарес и Барселона ја прекина новиот тренер Роналд Куман.
Холандскиот стратег кој неодамна пристигна на „Камп ноу“ најави дека Суарес не е потребен во екипата и треба да си замине. По неколку недели неизвесност, Суарес денеска ѝ кажа збогум на Барселона. Голгетерот си замина, и тоа во еден од најголемите ривали, Атлетико Мадрид.
На заминување од Барселона, Суарес не можеше да ги сокрие и солзите, па беше уловен како ги брише солзите од очите додека заминува од клубот во кој помина шест сезони.
Y aquí el vídeo. A las 14h TODAS las imágenes en @ElGolazoDeGol @ElGolazoDeGol pic.twitter.com/MnvJRHqdLC