Според последните информации во Србија се потврдени 81 случај на зараза со коронавирус, а едно лице починало.
Вкупниот број на регистрирани случаи е 33.080, а починале 744 лица.
Во последните 24 часа биле тестирани 7.466 примероци, а 1.092.359 од почетокот на епидемијата.
315 пациенти биле хоспитализирани, а 22 биле на апарати за дишење.
Стапката на смртност во Србија е 2,25 проценти.