Во Шкотска, во последните 24 часа се пријавени нови 486 случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на нови инфекции од почетокот на пандемијата.
Шкотската премиерка Никола Старџен рече дека овие бројки се загрижувачки и нагласи дека токму поради оваа причина се воведени нови мерки на ограничување. Таа истакна дека сега се тестираат многу повеќе луѓе отколку на врвот на пандемијата на почетокот на годината, пишува „Би-би-си“.
На жителите на Шкотска од денес им е забрането да посетуваат туѓи домови.